Фото: Архива

Пензионер е тешко повреден во Свети Николе, сограѓанин го прегазил со автомобил

31-годишен жител на Свети Николе вчера удрил во пешак на 71-годишна возраст од градот, кој е тешко повреден, соопшти МВР.

„На 12.06.2025 околу 12:15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на кружниот тек на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(31) од Свети Николе, удрило во пешакот П.Л.(71) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот