Гранати оружје / Фото: MIGUEL MEDINA / AFP / Profimedia

Пентагон повикува на зголемено производство на оружје во САД

Министерството за одбрана на САД денес ги повика клучните производители на одбранбена опрема да го удвојат или четирикратно да го зголемат производството на дванаесет клучни видови оружје.

Како што претходно објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање, Пентагон изрази загриженост дека во случај на потенцијални конфликти на САД со Кина, залихите на оружје се ниски, пренесува „Ројтерс“.

Во меѓувреме, француското Министерство за одбрана денес објави дека Франција ќе ја зајакне данската армија со тоа што ќе придонесе за развој на нејзините способности за борба против беспилотни летала.

Ова соопштение беше издадено откако минатата недела над Данска беа откриени неидентификувани дронови, што доведе до затворање на неколку аеродроми.
Француската влада објави дека ќе ѝ обезбеди помош на Данска со користење на хеликоптери „Фенек“, како и тим од 35 воени лица кои ќе се занимаваат со задачи поврзани со заштита од дронови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот