Пенов: Парламентот е блокиран, не е реално да отвараме дебата за целосна децентрализација

Повеќе пари за општините од даноците но и поголеми ингеренции за локалните самоуправи, побара градоначалникот на Општината Тетово Билал Касами по денешната средба со Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Како што истакна првиот човек на општина Тетово, несватливо е за обични детални урбанистички планови да се бара согланост од централната власт, што го кочи решавањето на проблемот со урбаниот хаос во градот. Но, за жал од се се прави политика и затоа имаме застој во овој процес, додаде Касами

„Има некој предлог од ЗЕЛЗ и разговори со Владата кон продолжување на динамиката на децентрализацијата, но за жал кај нас од се се прави политика. Мислам дека развојот на општините нема ниту етнички, ниту политички карактер, туку тоа е во интерес на сите граѓани, без разлика на која етничка групација припаѓаат.Се додека нема власт поблиски до народот, а тоа е локалната власт, ние ќе имаме ситуации кога се губи и време и средства. Спомнав и во делот на урбанизација, во овој урбан хаос во кој се наоѓаме, за мене несватливо е особено деталните урбанистички планови да одат на усвојување во Министерството за транспорт и врски, разбирливо е ГУПОТ да бидат изменаџиран со централната власт, но, кога работиме за внатрешна организација на градовите, тоа треба да биде чиста општинска надлежност. Вакви примери има во многу области“, рече Касами

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кажа дека за една година општините ќе добијат дополнитено 05% од ДДВ- то, но тоа е многу малку за нивен развој, вели тој. Кога целосно ќе се заврши процесот на децентрализација не можеме да кажеме, но на тој процес се работи, но сега со забавено темпо. оти парламентот е блокиран.

„Со градоначалникот раговаравме за потребата да работиме кон понатамошна децентрализација и на пречките кои стојат на општините, особено во финансовото менаџирање, ограничување на можноста на трошење на средства. Да изнајдеме начин да го отклониме тоа, со цел општините послободно да функционираат и да ги решаваат проблемите на граѓаните. Датум не може да има, но на тие процеси се работи и се бара моментот кога ќе има политичка волја за еден таков системски закон да помине во Парламентот. Од една страна точно е дека на општините како Тетово и на некои други поголеми општини, треба да им се даде поголема можност да функционираат самите самосотојно, но има и општини кои и овој тип на мали ингеренции што ги имаат се уште не можат да ги исполнат како што треба. Значи на натамошните чекори на децентрализација се работи, во моментов Парламетот е блокиран и не е реално да отвориме таква дебата.Се работи во сите домени, општините да добијат поголема моќ, рече Министерот Пенов

На новинарско прашање како да зборуваме да децентрализација и за патот кон ЕУ кога имаме блокиран Парламент, Пенов одговори дека за ваквата состојба одговорноста треба да ја преземат и самите граѓани

„Тука и самите граѓаните треба да си ја преземат одговорноста, ако имаме вакви состојби во на блокиран Парламент заради осносите пата – пата, граѓаните треба да имаат посилна определба, кон тие што ги водат кон Европа.Вчера во посета на С. Македонија беше германскиот претседател, упати извонредни пораки, дека патот кон Европа ни е отворен, но тој е блокиран, оти уставните измени не можеме да ги спроведеме, од икс политчки причини, дека самите себе се блокираме“, рече Пенов.

Министерот Пенов денеска оствари средба со градоначалникот Касами каде во просториите на Општина Тетово потпишаа Договор за кофинансирање на проектот на ИПА Прекугранична програма со Косово 2014-2020 – “Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот