Ненси Пелоси
Ненси Пелоси / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Пелоси смета дека Бајден не може да победи на претседателските избори

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, неодамна му рече на претседателот Џо Бајден дека анкетите покажуваат дека тој не може да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Според „Си-ен-ен“ таа, исто така, посочила дека Бајден би можел да ги уништи шансите на демократите да го освојат Претставничкиот дом, ако продолжи со кампањата за втор мандат, потврдија четири извори запознаени со овој разговор.

Во меѓувреме, американскиот претседател се спротивставил на овој став, велејќи и на Пелоси дека видел анкети кои покажуваат дека може да победи, а друг извор го опиша Бајден како „дефанзивен“ во однос на анкетите.

Се наведува дека во еден момент Пелоси го замолила Мајк Донилон, долгогодишен советник на Бајден, да се вклучи во разговорот за податоците од анкетите.

Ниту еден извор не потврди дека Пелоси му кажала на Бајден во разговорот дека верува дека претседателот треба да се откаже од трката во 2024 година.

„На претседателот е да одлучи дали ќе се кандидира. Сите го охрабруваме да ја донесе таа одлука бидејќи времето истекува“, рече Пелоси минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!