Фото: KK Pelister

Пелистер се засили со уште еден Американец

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирање на конкурентен тим за новата сезона, а денеска официјално го претстави своето најново засилување, американскиот бек Си-Џеј Вилсон. Искусниот 31-годишен кошаркар во новата сезона ќе го носи „зелено-белиот“ дрес на битолскиот клуб.

Вилсон не е непознат на македонската кошаркарска сцена. Минатата сезона настапуваше за Кожув и важеше за еден од најдобрите во тимот од Гевгелија. Токму неговите одлични настапи беа доволна препорака за раководството на Пелистер да го доведе во своите редови.

Покрај настапите во Македонија, Вилсон има богато интернационално искуство. Играше во Полска, каде што просечно бележеше 22,3 поени по натпревар, што го направи најдобар стрелец во својот тим. Во кариерата беше дел уште од првенства како: Романија, Шведска, Албанија и Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот