
Пелистер пред Купот на Македонија се засили со Американец
Американскиот кошаркар Џеремаја Гамбрел е најново засилување на КК Пелистер, откако „зелено-белите“ постигнаа договор за ангажман на овој квалитетен плејмејкер. Станува збор за кошаркар кој настапува на бековската позиција, важи за исклучителен поентер, подготвен да преземе одговорност во клучните моменти кога се решава победникот.
Препорачано
Овој 24-годишен Американец е роден во Хјустон, ланската сезона ја мина во тимот на Алкорн стејт брејвс, каде имаше просек од 13,2 поени и 1,1 украдени топки по натпревар.
Сезонава му беше прва на Гамбрел во европската кошарка, почнувајќи ја авантурата на „стариот континент“ во првата лига на Србија, како член на Металац од Ваљево. Во овој клуб експресн се наметна како лидер на екипата, а најдобриот меч го одигра против Џокер постигнувајќи 37 поени (8/13 за тројка).
Џеремаја Гамбрел денеска пристигна во Битола и му се стави на располагање на стручниот штаб, а се очекува своето деби за Пелистер да го има веќе в четврток, во четвртфиналето од Купот на Македонија против екипата на Чаир.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
46мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5