Фото: КК Пелистер

Пелистер не запира: Во Битола пристигна уште едно странско засилување

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за претстојната сезона, а ново име во „зелено-белиот“ дрес е американскиот крилен играч Кевин Брејси Дејвис. Клубот од Битола и 30-годишниот кошаркар потпишаа едногодишна соработка, со што Брејси Дејвис стана третото странско засилување на Пелистер ова лето.

Битолчани оваа сезона не само што ќе се натпреваруваат во домашното првенство, туку ќе дебитираат и на европската сцена, па така раководството сака респектабилен тим што ќе се бори на сите фронтови.

Брејси Дејвис, кој е висок 201 сантиметар, има богато европско искуство и досега настапуваше во првенства во Германија, Франција, Финска, Грција, Косово и Израел. Особено се истакна со Трепча, со која ја освои титулата на Косово, додека минатата сезона во Израел бележеше одлични бројки: во просек 18,3 поени, 4,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот