Пеле беше опериран од тумор на дебелото црево/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Пеле излезе од болница, ќе се лекува дома

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле е отпуштен од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло и лекувањето ќе го продолжи дома.

Пеле беше хоспитализиран на 8 декември поради лекување од тумор на дебелото црево, а болницата ја напушта во стабилна здравствена состојба.
„Пациентот е стабилен и отпуштен од болница. Сега е дома“, објавија лекарите од клиниката во Сао Паоло.

Поранешниот фудбалер се огласи на Твитер и порача дека сака Новата година да ја дочека со семејството.
Пеле е трикратен светски првак со Бразил (1958,1962 и 1970) и понатаму е најдобар стрелец на сите времиња во бразилската репрезентација со 77 гола на 92 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот