EPA-EFE/ALI HAIDER

Пекол на Големата награда на Катар: Окон повраќал во кокпитот, Строл ја губел свеста…

Жештината била неиздржлива на последната трка во Формула 1 и сите се согласни дека тоа била најтешката трка досега сезонава

Екстремната температура и високата влажност на воздухот со кои се соочија учесниците на Формула 1 на Големата награда на Катар отидоа надвор од границата на прифатливо во опасната трка во која возачите губеле свест во автомобилите, повраќале во кацигите, се повлекувале од трката и колабирале на крајот…

– Ова е најтешката трка за секој возач во Формула 1, без исклучок. Не му верувам на оној што вели дека не е – беше острата пресуда на Шарл Леклер (Ферари) по трката.

Естебан Окон (Алпин) бил физички болен, едвај ја завршил трката.

– Тоа беа најтешките бодови за кои некогаш сум морал да се борам. Се чувствував лошо, повраќав два круга во кокпитот – вели Окон.

Валтери Ботас условите ги нарече мачење, додека Ленс Строл од Астон Мартин рече дека се онесвестувал во автомобилот, повремено му се стемнувало.

Дебитантот во Ф1, Логан Сарџент (Вилијамс) предвреме ја заврши трката поради исцрпеност, а неговиот тимски колега Алекс Албон заврши во медицинскиот центар поради акутна изложеност на жештина.

На условите се жалеше и победникот Макс Верстапен (Ред бул) кој претходно на спринтот ја осигура титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот