Фото: Facebook / Jordan Mitev

Пејачот Јордан Митев по првпат стана татко: Господ ми го даде најголемиот дар

Популарниот фолк-пејач Јордан Митев по првпат стана татко. Тој и неговата сопруга Славица добија ќерка.

Радосната вест Јордан ја сподели на својот фејсбук-профил и тоа далеку од дома, преку океанот. Пејачот во моментов е на турнеја низ Австралија.

Фото: Принтскрин / Фејсбук

„20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко“, напиша пејачот.

Јордан Митев долго време е дел од фолк-сцената и важи за еден од омилените пејачи на публиката. Зад себе има еден куп песни, албуми и концерти.

Инаку, ова е прво дете на парот. Пејачот пред шест години се ожени со Славица и иако таа живееше во Австралија, поради љубовта реши да се врати во родниот крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот