
Пејачот Џони ненадејно почина на 51-годишна возраст: Србија остана без голем музичар
Музичката сцена во Ужице доживеа огромна загуба по смртта на 51-годишниот Никола Николиќ Џони, еден од најважните и најсакани членови на заедницата.
Препорачано
Џони се занимаваше со поп-рок музика повеќе од 20 години. Имал повеќе изданија за „Меџик рекордс“ и ПГП РТС. Беше препознатлив по моќниот глас, а покрај талентот за пеење, важеше и за еден од најталентираните музичари на српската сцена.
Џони бил родум од Ужице, роден е на 19 декември 1973 година и уште од мали нозе покажал склоност кон музиката. Низ децениите, тој стана не само пејач, туку и мултиинструменталист, а неговата енергија и талент одбележаа бројни концерти и музички проекти во неговиот роден град.
Неговата смрт остави длабока празнина меѓу пријателите, колегите, но и бројните обожаватели кои го следеа и поддржуваа низ годините. Веста за неговата смрт е соопштена преку инстаграм, а социјалните мрежи се преплавени со пораки за жалење и сеќавање на уметникот кој со својата музика и присуство збогати многу животи.
– Многу тажна вест. Нашиот Никола Николиќ – Џони нè напушти. Ужице и Србија останаа без голем музичар и уметник, но пред сè, добар човек. Искрено сочувство до семејството. Ужице тагува – се наведува во соопштението.
Џони беше познат не само по својот музички талент, туку и по својата топлина и подготвеност да ги поддржува младите музичари и да учествува во бројни хуманитарни проекти.
Никола учествуваше и во „Пинкови ѕвездички“, каде што со својот величествен глас ги воодушеви сите членови на жирито.