Џејсон Деруло и Емаза Гибсон Фото: EPA / Instagram

Пејачка го тужи Џејсон Деруло за сексуално вознемирување: Трауматизирана сум

Американскиот пејач Џејсон Деруло е обвинет за сексуално вознемирување, во правен случај покренат од пејачка на која ѝ било ветено потпишување на договор со неговата издавачка куќа, пишува „Ен-би-си њус“.

Емаза Гибсон, 25-годишната пејачка била контактирана од Деруло пред две години за соработка. Тој ѝ ветил договор со издавачката куќа за снимање на авторски песни.

Во тужбата за сексуално вознемирување, одмазда, прекршување на договорот и малтретирање на работно место, поднесена до Врховниот суд на округот Лос Анџелес, младата пејачка тврди дека Деруло почнал да ја бара на вечери, пијалоци и сексуално ја нападнал. Откако неколку пати го одбила, тој се откажал од соработката со неа.

“Чувствувам вознемиреност, трауматизирана сум. Се соочив со нехумани работни ситуации. Се вратив на нула и немам ништо”, вели Емаза.

Во тужбата, таа изјавила дека Деруло алудирал дека можеби таа ќе треба да учествува во консумирање кокаин, како и некој вид сексуален ритуал. Пејачката вели дека неговата изјава ја гледала како „експлицитно барање за секс во замена за успех“. Претставникот на Деруло сè уште нема одговорено на барањето за коментар за овие обвиненија.

Инаку Емаза, се преселила во Лос Анџелес во 2008 година со своите сестри за да го оствари сонот да биде пејачка, таа го формирала музичкиот состав „Черади“ и отворила канал на Јутјуб кој сега има повеќе од 1,25 милиони претплатници. Нејзините сестри одлучиле да не се занимаваат со музика, но Емаза продолжила да работи, правејќи вирални видеа за танцување и надевајќи се дека ќе започне соло кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот