Фото: Pexesls / cottonbro studio

Пеглата на пареа е корисна и во кујната, а еве и зошто

Не само што пеглата на пареа ја пегла облеката побрзо и поубаво, туку е многу корисна и во кујната.

Има безброј трикови за чистење каде користиме предмет кој веќе го имаме дома, а сме го користеле за други намени. Познато е дека пареата помага да се отстранат многу дамки и да се исчисти секоја површина.

Но, дали некогаш сте размислувале да користите пегла наместо скап чистач на пареа?

Пеглата на пареа може да биде одлична алатка за чистење на кујната. Кога ќе одлучите дека е време да ја исчистите вашата кујна темелно, пеглата на пареа може да помогне. Ова функционира одлично за растворање на маснотиите и нечистотијата што се акумулираат во кујната со текот на времето.

Рачки на кујнските елементи

Бришењето на кујнските елементи можеби е вообичаена работа на вашата листа, но може да заборавите на рачките или дамките се толку исушени што брзото бришење нема да ги отстрани. За среќа, пареата од пеглата е доволно силна за прво да ги отстрани, а потоа и да ја дезинфицира површината.

Кујнски аспиратор

Чистењето на оваа област обично бара неколку различни алатки и стратегии за чистење. Ако досега ви требале четка за заби, крпа и силно средство за чистење, мала количина оцет ќе биде доволна кога користите пегла на пареа. Пареата помага да се разбие нечистотијата практично без триење. Ако ја држите пеглата мирно и чекате пареата да си го направи своето, ќе ви треба најмногу време.

Ѕидот зад кујнскиот пулт

Ѕидот зад кујнскиот пулт е често повалкан отколку што многу луѓе се осмелуваат да признаат, а процесот на чистење обично бара многу време и енергија покрај ефективно средство за чистење. За да се исчисти со пареа, едноставно насочете ја пеглата кон ѕидот и држете ја некое време за да дозволите пареата и кондензацијата да си ја завршат работата. Потоа само избришете го со чиста крпа.

Кујнски апарати

Ако се прашувате како е можно надворешноста на машината да е толку валкана, тогаш решението дефинитивно е пеглата на пареа. За околу 30 секунди, можете да ја исчистите надворешната страна на вашиот кујнски апарат само со пареа и крпа.

Што се однесува до внатрешноста на апаратите, како што е машината за миење садови, користењето на пареа е бесмислено, бидејќи се загрева самостојно. Истото важи и за микробрановите печки и слично.

Запомнете дека не сите материјали реагираат добро на високи температури на пареа. На пример, ако имате тапети во вашата кујна, избегнувајте да чистите со пегла на пареа. Во принцип, треба да бидете многу внимателни при чистење со пареа за да избегнете несакани ефекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот