
Педијатрите открија како половина час во шума го штити имунитетот на детето
Ако барем еднаш сте прошетале низ шума, знаете колку убаво и пријатно искуство доживувате со секој чекор. Ова е причината зошто некои луѓе избираат да живеат во шума или покрај неа, а други патуваат стотици километри за да поминат неколку дена во викендица опкружена со борови и елки. Еве како тоа може да ви помогне вам и на вашите деца при постигнувањето посилен имунитет.
Препорачано
Познато е дека психолозите, лекарите, педијатрите и сите експерти препорачуваат децата да поминуваат што повеќе време надвор, за што зборува и шведскиот метод стар 164 години за одгледување среќни и отпорни деца.
Јапонците веќе долго време имаат термин кој опишува како времето што го поминувате во шума влијае на здравјето, а тоа го потврди и едно финско истражување.
Шинри-иоку или „шумска бања“
Научниците од Јапонија открија дека традицијата наречена Шинри-иоку или „капење во шума“ сè уште е присутна, а причините се од биохемиска природа.
Истражувачите откриле дека престојот во шума го подобрува природниот имунитет, кој е важен за спречување на широк спектар на болести.

Како шумата влијае на имунитетот
Кога научниците ги тестирале луѓето пред и по двочасовна прошетка во шумата, откриле дека сите, освен едно лице, имале понизок крвен притисок, биле посмирени и размислувале појасно.
Шумските дрвја и растенија испуштаат „антимикробни испарливи органски соединенија на растителни деривати, кои се нарекуваат фитонциди, за да ги убијат габичките и бактериите“. Габите и бактериите можат да бидат проблем за нашиот имунолошки систем, а излегува дека и дрвјата не ги сакаат.
Шумските дрвја често се стари стотици, ако не и илјадници години. Дрвјата и другите растенија ја усовршиле заштитата, односно соединенијата кои можат да убијат габи и бактерии. Кога шетате во шума, вашиот здив се соединува со овие компоненти. Ефектот трае околу 2 месеци.
Да речеме, кога шетаме во шума, ние се капеме во нејзиниот природен имунитет. Се нурнуваме во „фитохемискиот“ имунолошки систем на шумата, пренесува „Мој педијатар“.

Децата и шумата
Шумите содржат поголема разновидност на микроби во својата почва од другите средини, контактот со пријателски бактерии се покажал како корисен за подобрување на имунитетот на децата.
Финска студија покажа дека играњето во трева и шумски грмушки, како што се грмушките од боровинки засадени во расадниците во четири градинки, го зајакнува имунолошкиот систем на децата од три до пет години во рок од 28 дена.
Во текот на целата година, во понеделник, вторник и среда наутро, група од 21 дете на возраст од три до пет години, пешачела и до 40 минути во шумата. Тие поминувале седум часа на отворено, ручале на отворено и спиеле во шатор, пред да се вратат во градинката во средината на попладнето.
Истражувачите откриле дека микробната разновидност се зголемила на кожата и во цревата на децата кои редовно си играле надвор меѓу шумското зеленило, што укажува на поздрав имунолошки систем. Тие, исто така, имале и поголем број на Т-клетки, кои играат важна улога во нашиот имунолошки одговор, а и процентот на антиинфламаторни молекули во крвната плазма исто така се зголемил.
Според зборовите на Аки Синконен, истражувач од Институтот за природни ресурси на Финска, кој ја водел студијата, резултатите ја поддржуваат претпоставката дека контактот со природата ги спречува нарушувањата во имунолошкиот систем, како што се автоимуните болести и алергиите.
Бројни истражувања покажале дека поминувањето време во природна средина, особено во шума, има многу здравствени и психолошки придобивки за децата, како што се намалена дебелина, подобрена ментална состојба, зголемена отпорност и побрз когнитивен развој.
Значаен аспект на когнитивниот развој кај децата кои учествувале во студијата на отворено е чувството на одговорност кон локалните простори.
– Овие деца многу полесно ќе разберат зошто е важно да се рециклира и да се собира ѓубрето – рекла Анина Кусисто, професорка за едукација во раното детство на Универзитетот во Хелсинки.