Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Патниот лист за враќање во Македонија со стар пасош ќе чини 30 евра

Државјаните на Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари сè уште немаат извадено пасош со новото име „Република Северна Македонија“, можат да се вратат во земјата со патен лист, со важност на траење од 30 дена, од денот на издавање. Патниот лист служи само за враќање во државата, а ќе чини 30 евра и ќе биде на трошок на македонските државјани.

Информацијата ја соопштија македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални Фејсбук страници.
– Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето. Напомнуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија“ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра, објавија од македонската амбасада во Берлин, Германија.

Фото: Принтскрин, Embassy of the Republic of North Macedonia in Germany

Од македонската амбасада во Лондон на Фејсбук известија дека сите македонски државјани кои престојуваат во Обединетото Кралство и Ирска може да аплицираат за издавање на пасош во македонската Амбасадата во Лондон, со закажување на термин, преку електронската пошта [email protected] со назнака „Обнова на патна исправа“.

– Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година сè уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасош во Република Северна Македонија, истите можат да се патуваат со „Патен лист“ издаден од МК Амбасадата во Лондон. Патниот лист е важечки документ за патување во еден правец, кон Република Северна Македонија, а во земјата треба да се поднесе барање за издавање нова патна исправа (пасош), со новото уставно име „Република Северна Македонија. При издавањето на патните листови, пасошите со старото уставно име „Република Македонија“ нема да бидат поништени, стои во објавата на Фејсбук од Амбасадата.

Фото: Принтскрин, Embassy of the Republic of North Macedonia in UK

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, минатата недела соопшти дека нема потреба од паника бидејќи засилени се капацитетите за пасоши и патни листови во амбасадите.

Тој изјави дека најголем број на барања има во Бон, Берлин, Минхен, Рим, Венеција, Берн, Чикаго итн и дека секојдневно во дворовите на амбасадите во овие градови ред за нов пасош чекаат по околу 300 луѓе. Османи ги советува дека е подобро да извадат пасоши во амбасадите во земјите каде што се, наместо да доаѓаат во Македонија со цел тука да извадат пасош. Министерот вели дека за тоа ќе им треба закажан термин, а ги потсетува и дека овде не е можно пасошот да се извади за неколку дена во брза постапка заради големиот наплив на барања.

Османи: Без паника, засилени се капацитетите за пасоши и патни листови во амбасадите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот