Патарините во Србија поскапеа за 10 отсто

Од полноќ патарините во Србија поскапеа за 10 отсто, според новиот ценовник на Патишта на Србија, јавуваат српските медиуми.

Новата патарина од Белград до Ниш ќе биде 1.130 динари (9,65 евра), а од Белград до Димитровград 1.670 динари (14,28 евра). Патарината на релација Белград – Суботица е 800 динари (6,84 евра), а од Белград до Шид 500 динари. Од Обреновац до Прељина новата патарина ќе изнесува 560 динари (4,79 евра).

Ако одите од Белград до Врбас ќе платите 470 динари (4,02 евра), а од Белград до Баточина 500 (4,27 евра).

Од Патишта на Србија велат дека корисниците на електронска наплата, како и досега, ќе имаат попуст од шест проценти, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 проценти.

Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, најави формирање компанија за наплата, бидејќи отсега патарина ќе се наплаќа и на брзите патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот