Никола Пашинијан / Фото EPA-EFE/ARMENIAN GOVERMENT PRESS SERVICE

Пашињан се надева дека ќе потпише мировен договор со Азербејџан

Ерменија се надева дека ќе склучи мировен договор со Азербејџан и ќе воспостави дипломатски односи со Баку во наредните месеци, изјави ерменскиот премиер Никол Пашињан.

Тој ја даде оваа изјава на форум во главниот град на Грузија, Тбилиси.

Пашињан додаде дека Ерменија се надева оти ќе ја отвори границата со Турција, близок сојузник на Азербејџан, за државјани на трети земји.

Изјавата доаѓа во време на напорите да се зајакне мирот во нестабилниот регион на Јужен Кавказ, откако Азербејџан минатиот месец го зазеде спорниот регион Нагорно-Карабах, признаен од меѓународната заедница како дел од нејзината територија, но од 1990-тите управуван од ерменските сепаратисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот