Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Партизан поради натпреварот со АЕК цела наредна сезона во Европа може да игра без публика
Новиот српски ракометен шампион, РК Партизан, се соочува со сериозни последици со настапот на европската сцена наредната сезона. Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе строги дисциплински мерки против белградскиот клуб по сериозни пропусти за време на четвртфиналниот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против грчкиот АЕК.
Препорачано
Според официјалното соопштение на ЕХФ, клубот ќе мора да плати парична казна од 15.000 евра поради, како што е наведено, „непримерно и исклучително опасно однесување на публиката“. Дополнително, на Партизан му е изречена забрана да игра пет европски натпревари на домашен терен пред публика, од кои две се условни и ќе зависат од идното однесување на клубот и навивачите.
Причина за санкциите се бројни безбедносни пропусти, дополнителните трошоци предизвикани од одложувањето на натпреварот, како и поради политички транспарент кој бил истакнат на трибините.
Покрај основната казна, Партизан ќе мора да ги покрие и сите трошоци поврзани со реорганизацијата и доигрувањето на натпреварот против АЕК, а за транспарентот со политичка содржина клубот доби дополнителна парична казна од 4.500 евра.
Од клубот имаат рок од седум дена да ја обжалат одлуката пред Апелациониот суд на ЕХФ, но засега не е познато дали ќе се одлучат на таков чекор.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
10мин
-
20мин
-
23мин
-
32мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5