
Парното во Скопје се расипа на првиот ден од грејната сезона – истекла вода на „Бихаќка“
Жителите на повеќе скопски населби вечерва немаат парно греење поради дефект кој се случи на самиот почеток на подранетата грејна сезона во главниот град.
Препорачано
Од „ЕСМ Снабдување“ информираат дека поради зголемени загуби на вода во системот и потребата од изолација на истекување вода од дистрибутивната мрежа во реонот околу ул. „Павел Шатев“ („Бихаќка“) број 3, топланите Исток и Запад нема да испорачуваат топлинска енергија во период од околу три часа.
„Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо враќање на редовната испорака на топлина до потрошувачите,“ пишува во соопштението.
За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Поради студеното време, грејната сезона во Скопје почнува од утре
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
31мин
-
54мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5