
Парламентарни избори во Молдавија – избор меѓу ЕУ и Русија
Граѓаните на Молдавија денескаизлегуваат на парламентарни избори што ќе ја определат насоката на земјата, дали ќе продолжи кон приклучување во Европската Унија или ќе се врати под влијание на Москва.
Препорачано
Владејачката партија „Акција и солидарност“ (ПАС) на претседателката Маја Санду, како што пишува Гардијан, се соочува со силна конкуренција од прорускиот Патриотски блок, предводен од поранешниот претседател Игор Додон. Според анкетите, ПАС ќе остане најголема партија, но би можела да го изгуби мнозинството, што би ја отворило вратата за коалиции со други партии.
Изборите се одржуваат во атмосфера на силни тензии и извештаи за мешање од страна на Русија. Молдавските власти тврдат дека Москва вложува милијарди долари за поддршка на проруски партии, купување гласови и ширење пропаганда. Само минатата недела биле спроведени над 250 полициски рации во рамки на истрага за наводен заговор за поттикнување немири.
Молдавија, со 2,4 милиони жители, е меѓу најсиромашните земји во Европа. Се соочува со висока инфлација, економски тешкотии и масовна емиграција. Земјата претрпе сериозна енергетска криза во 2022 година кога Газпром ги намали испораките на гас, а војната во Украина дополнително ја дестабилизира ситуацијата.
Резултатите од изборите ќе бидат внимателно следени во Брисел и другите европски престолнини, бидејќи Молдавија се смета за клучен регион во кој Русија настојува да го зајакне своето влијание.