Средба меѓу папата Лав XIV и израелскиот претседател Исак Херцог Фото: EPA/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Папата Лав XIV го прими израелскиот претседател – Ватикан повика на прекин на огнот и на решение со две држави

Папата Лав XIV изрази надеж за продолжување на преговорите, ослободување на заложниците, траен прекин на огнот и за безбеден влез на хуманитарна помош во Газа.

Папата Лав XIV во четвртокот го прими претседателот на Државата Израел, Исак Херцог, на аудиенција во Апостолската палата, објави Ватикан њуз.

Израелскиот претседател потоа се сретна со кардинал Пиетро Паролин, државен секретар, и надбискупот Пол Р. Галгер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

Според соопштението на Прес-службата на Светиот Престол, за време на „срдечните разговори со Светиот Отец и во Државниот секретаријат беше разгледана политичката и социјалната ситуација на Блискиот Исток, каде што опстојуваат бројни конфликти, со особено внимание на трагичната состојба во Газа.

„Изразена е надеж за брзо обновување на преговорите за да се обезбеди ослободување на сите заложници, итно постигнување траен прекин на огнот, овозможување безбеден влез на хуманитарна помош во најпогодените области и обезбедување целосно почитување на хуманитарното право, заедно со легитимните аспирации на двата народа со подготвеност и со храбри одлуки, како и со поддршка од меѓународната заедница“, соопшти Ватикан.

Во соопштението се додава дека се разговарало и за тоа како да се обезбедат иднина за палестинскиот народ и мир и стабилност во регионот. Светиот Престол ја повторил својата позиција дека „решението со две држави е единствениот излез од тековната војна“.

Бил направен и осврт на случувањата на Западниот Брег и на важноста на прашањето за градот Ерусалим.

Пред заклучокот, Прес-службата забележа дека „за време на дискусиите беше постигната согласност за историската вредност на односите меѓу Светиот Престол и Израел.“

Биле разгледани и повеќе прашања во врска со односите меѓу граѓанските власти и локалната Црква, со особено внимание на значењето на христијанските заедници и на нивната посветеност, и локално и низ целиот Близок Исток, на човечкиот и на општествениот развој, особено во областа на образованието, промоцијата на социјалната кохезија и на регионалната стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!