Папите Бенедикт и Франциск/ Фото: Handout / AFP / Profimedia

Папата Франциск пред 125 кардинали, 200 бискупи и 3.700 свештеници го спореди Бенедикт Шеснаесетти со Исус

Папата Франциск кој ја предводеше погребната церемонија на упокоениот Бенедикт Шеснаесетти, во молитвата пред верниците на плоштадот „Свети Петар” во Ватикан својот претходник го спореди со Исус.

Во проповедта тој употреби десетици библиски референци и црковни списи, споредувајќи го Бенедикт со Исус, вклучувајќи ги и неговите последни зборови пред да умре на крстот: „Оче, во твои раце го предавам мојот дух”.

Франциск индиректно се осврна на Бенедикт при парафразирањето други библиски референци за Исус, вклучително и „љубовта значи да бидеш подготвен да страдаш”, како и дека заедницата „го препорачува нашиот брат во рацете на Отецот”.

На мисата на која присуствуваа 125 кардинали, 200 бискупи и околу 3.700 свештеници, Франциск уште зборуваше за „мудроста, нежноста и лојалноста” што Бенедикт им ја давал на луѓето низ годините.

Тој го спомна поранешниот папа по име само еднаш, во последниот пасус од проповедта: “Бенедикт, верен пријателе на Исус, нека ти биде целосна радост кога ќе го слушнеш неговиот глас, сега и секогаш”.

По погребната церемонија ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде вратен назад во базиликата „Свети Петар”. На негово барање поранешниот поглавар на Римокатоличката црква ќе биде погребан во подземните катакомби на Ватикан, во криптата каде што беше погребан папата Јован 12, а потоа Јован Павле Втори, чии останки подоцна беа пренесени во базиликата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот