
Паника на лет за Шпанија: Пилот со тешка алергија на пајаци бил каснат од тарантула
Пилот со тешка алергија на пајаци бил каснат од тарантула среде лет за Шпанија. Пилотот во петокот на 21 февруари летал со авион „Ибериа ербас А320“ од Дизелдорф до Мадрид, кога доживеал тешка алергиска реакција на убодот од пајак, пренесува „Канариан викли“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Веднаш бил лекуван со „урбасон“, кортикостероид со антиинфламаторни и имуносупресивни својства, кој бил во комплетот за прва помош на екипажот. И покрај нападот на овој пајак, авионот на „Иберија“ безбедно слетал во главниот град на Шпанија, а патниците безбедно го напуштиле леталото.
Авионот бил задржан на аеродромот додека стручни тимови вршеле дезинсекција за да ја елиминираат или избркаат „заканата со осум нозе“, па следниот лет, до градот Виго во Шпанија, доцнел три часа.
Истражителите веруваат дека пајакот влегол во авионот преку багаж од претходниот лет меѓу Мадрид и Казабланка. Авиокомпанијата „Иберија“ соопшти дека пилотот е добро и не претрпел никакви долгорочни последици од убодот.
Инаку, тарантулите се карактеризираат со нивните долги нозе со канџи на врвовите, како и телото покриено со ситни иритирачки влакна. Овие пајаци се родени во топли и тропски региони на Америка, Азија, Африка и Блискиот Исток. И покрај нивната големина и застрашувачки изглед, тарантулите понекогаш се чуваат дури и како домашни миленици.