Запалената куќа на Александар Пандов во Орешани / Фото: Фејсбук

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, вечерва во гостување на „Сител“ изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани.

Пандов смета дека тоа е чин на одмазда за борбата со затворскиот криминал што тој ја почнал откако дојде на функцијата.

Според него, изминатиот период до него доаѓале гласини за кои немал материјални докази, дека нешто лошо ќе му се случи, односно дека затвореници му подготвуваат нешто лошо.

Пандов вели дека одредени затвореници им нуделе и по 20 илјади евра на затворските стражари за да стигнат до телефон, а на тоа искушение некој потпаѓал, а некој не. Тој рече и дека одредени затвореници се однесувале како да се газди на затворите, ги тепале затворските полицајци и се занимавале со лихварство.

ВИДЕО: Запалена куќата на Пандов во Орешани: „Смислен атак на криминалците“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот