Деца од Африка/ Фото: Stuart Boulton / Alamy / Profimedia

Пандемијата, војната во Украина и климатските промени ќе остават без храна 48 милиони луѓе во Африка

Околу 48 милиони лица во Западна и Централна Африка во следните месеци ќе се соочат со акутна несигурност на храната, поттикната од климатските шокови, Ковид-19 и високите цени, предупредија денеска агенциите за помош на Обединетите нации.

Западна и Централна Африка се соочуваат со зголемени ризици поради високите температури и непредвидливите врнежи. Војната во Украина придонесе за недостиг на храна и ѓубрива во еден од најсиромашните региони во светот.

Се прогнозира дека 48 милиони лица во периодот од јуни до август или периодот на „посна сезона“ ќе останат без редовен пристап до безбедна и квалитетна храна, наведува регионалната анализа за безбедноста на храната презентирана од Светската програма за храна на ОН, хуманитарната агенција OCHA, Фонд и Земјоделска организација (ФАО) и УНИЦЕФ.

Ова делумно се должи на состојбата во земјите од полусушниот регион Сахел, јужно од пустината Сахара, вклучувајќи ги Мали и Буркина Фасо, кои се борат со исламистички бунт во кој досега загинаа илјадници, а раселени се околу 2,5 милиони лица.

Рекордни 45.000 луѓе во Сахел се очекува да се соочат со катастрофален глад, што е речиси до најлошото ниво на глад, се наведува во извештајот.

„Зголемената несигурност и конфликти значат дека ранливоста во регионот се зголемува и дека е сè потешко да се помогне на заедниците во изолираните области“, изјави шефицата на УНИЦЕФ за Западна и Централна Африка, Мари-Пјер Поаре.

Околу 16,5 милиони деца на возраст под пет години ќе се соочат со акутна неухранетост оваа година, се додава во анализата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот