Панчевски излезе од „Шутка“

По две недели откако почна да ја издржува затворската казна, поранешниот судија и претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, излезе од затворот во Шуто Оризари, потврди директорот на затворот Филип Андов.

Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, со кои порашниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски беше осуден на затворска казна заради злоупотреба на системот за распределба судски предмети АКМИС.

Панчевски е осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство.
Адвокатот на Панчевски, Петро Јанура, до Врховниот суд се жалел за повреди на Кривичниот законик и на Законот за кривична постапка, односно поради повреда на правото на одбрана.

„Овој суд констатира дека со тоа што Апелациониот суд Скопје при постапувањето по жалбите донел пресуда на нејавна седница, за која осудениот не бил известен, иако тој тоа го барал во поднесената жалба и притоа не навел релевантни и доволно образложени причини за таквиот начин на постапување, сторил повреда на правото на одбрана, односно на одредбите на кривичната постапка во жалбената постапка, во смисла на член 465 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка, која повреда влијаела врз законито и правилно донесување на пресудата и врз правото на осудениот на правично судење“ велат од Врховен.

Решението пак, веќе е стигнато во затворот „Шутка“, со што нема пречки екс-претседателот на скопска Единица во текот на денов да биде пуштен од затвор. Велешкиот суд во август 2020. година го осуди на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, за распределба на судски предмети. Панчевски кој на 3 февруари годинава почна да ја издржува затворската казна, беше осуден од судот во Велес на три години и шест месеци затвор, а потоа скопска Апелација му ја скрати на две и пол години.

Панчевски беше огласен за виновен за злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година. Тој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење во декември 2019 година, а Врховниот суд неговото разрешување го потврди во јуни 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот