
Панчев му дава предност на Интер во градското дерби
Mилан и Интер вечерва од 21:00 часот го играат првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, а натпреварот со изјава за српски „Информер“ го најави и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.
Препорачано
Според изјавата на Панчев, Интер е во подобра форма, а освен тоа за настап кај Милан неизвесен е и Леао кој многу значи во составот на Пиоли.
„Милан е домаќин, но бидејќи играат на ист стадион кој двете екипи одлично го познаваат, домашниот терен сега и не е некоја предност. Голема работа е што два италијански клуба стигнаа до полуфиналето. На такво нешто не се надеваше веројатно никој. Интер е во дбра форма, има одлични поединци, додека Милан во овој момент е во мал пад, на сето тоа се повреди и Леао. Ако не игра Леао, блага предност му давам на Интер“, изјави Панчев.
Сепак, Панчев смета дека патникот во финалето нема да биде решен вечерва, а негов фаворит за освојување на европскиот трон е Манчестер Сити.
„Очекувам Милан и Интер да водат изедначена битка до крајот на вториот натпревар. Како што кажав, предност му давам на Интер, но и да победи, тоа нема да биде убедливо. Пред два месеци кажав дека Манчестер Сити ќе ја освои Лигата на шампионите и се уште стојам на тој став, парите играат важна улога во фудбалот“, додаде Панчев.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5