Зоран Лазаровски - Паљото / Фото: Фејсбук

Паљото е неуморен – најави нов поход на локалната власт, листата ќе му се вика „За Битола“

Ветеранот на битолските локални изборни пресметки, бодибилдерот и активист Зоран Лазаровски-Паљото, најави учество и на претстојните избори во октомври, со независна листа. Лазаровски во минатото се кандидираше и за градоначалник на Битола, а тој учествуваше на повеќето избори во градот во последниве петнаесетина години.

Во изминатите месеци, Лазаровски новиот поход кон локалната власт ја подготвуваше како еден од водачите на протестите „Стоп за депонија во Пелагонија“, на кои дел од жителите на градот и околината се противат на планираната изградба на современа постројка за одлагање и преработка на отпад во Битолско, која треба да ги замени сегашните десетици диви и нестандардни ѓубришта со кои изобилува околината на Битола и цела Пелагонија.

Паљото денеска на „Фејсбук“ најави дека ќе формира независна советничка листа наречена едноставно „За Битола“, што едновремено е и изборниот слоган преку кој ќе ја бара поддршката од сограѓаните за влез во органите на локалната власт – што досега му беше недостижен предизвик.

„Еве го логото и мотото “ЗА БИТОЛА”, за да започни вистинската борба за Битола. Мора сите битолчани и битолчанки да се разбудите и да ја видите вистинската катастрофална слика на најуништениот град во Македонија и регионот. Не ја памтам ваква да била Битола никогаш ние не можиме 80 тите да ги стигниме, па камоли напред да одиме. И на сето уништување капак -депонија за 18 општини во Пелагонија сакат да не напрат контејнер. Ова е една шанса мој последен обид да ја спасам Битола. Ако ме изгласате се ќе дадам за БИТОЛА И ЌЕ СЕ БОРАМ ДОКРАЈ ако не се повлеквам од борбата за Битола и ќе се посветам на семејството. Моја последна борба за Битола – ваша последна шанса да ја спасите Битола. Ако гласате масовно да има што повеќе советници од листата “ЗА БИТОЛА” тогаш шансите се големи да ја спасиме Битола, ако не готово е крај. Програмата ќе биде реална, без фантазите и лагите на партите кои не лажат 35 години, ќе ја објавам подоцна”, пишува Лазаровски додавајќи“, напиша Лазаровски во објавата неоптоварена од стегите на интерпункцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот