Судење Палевски / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Палчо му пукаше на Панче во слепоочницата, а потоа ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“, сведочи Манев

Додека се наведнував да го одврзам Панче Жежовски,  Љупчо Палевски му испука куршум во слепоочница, сведочи обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Велибор Манев.

-Останав без зборови. Излегов надвор од шумичката. Се тресев од тоа што го видов. Го видов Палчо како го превртува телото на Панче во „земуницата“. Додека стоев дојде Палчо и му реков: „Зошто ова, не требаше вака“. Ми рече, „Вака е почисто, нема што да се секираш“. Му реков дека не сакам вака да продолжам, не сум помислил, ниту сум сонил вакво нешто. Ме подбутна со раката и ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“, рече Манев.

Според неговото сведочење првичниот план бил да биде грабнат човек за да му ја искористат колата за грабнување на жена за да земат надомест, а потоа двајцата да бидат пуштени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот