Фото: Скриншот

Пакистан: Најмалку девет туристи загинаа во поплава на реката Сват

Најмалку девет туристи загинаа кога поплавите предизвикани од монсунските дождови однесоа деца во река во северен Пакистан, а роднините скокнаа во водата за да се обидат да ги спасат, соопштија денес официјални лица.

Администраторот на округот, Шехзад Махбуб, за Ројтерс изјави дека семејството појадувало покрај реката Сват, а децата биле во водата и фотографирале кога се случила ненадејната поплава.

Тој рече дека досега од реката се извлечени девет тела, дека четири члена на семејството се спасени и дека сè уште е прерано да се каже колку деца и колку возрасни починале.

Локалното население и повеќе од 80 спасувачи бараат преживеани, изјави службеникот за спасување Шах Фахад.

Семејната група се состоела од туристи од Пакистан кои ја посетувале долината Сват, изјави локалниот градоначалник Шахид Али Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот