
Падот на возилото во провалија во Хрватска не бил пресуден: Четворицата Малтежани се удавиле во морето
Обдукцијата откри жртвите имале здрави срца, без претходни срцеви удари или други здравствени проблеми што би можеле да ја предизвикаат несреќата.
Давењето, а не падот во провалија, е најверојатната причина за смртта на две брачни двојки од Малта во сообраќајна несреќа во Сењ, Хрватска, кога нивниот автомобил излета од Јадранската магистрала во морето.
Препорачано
Ова го открија прелиминарните резултати од обдукцијата спроведена во Риечкиот институт за судска медицина и криминалистика, пишува риечкиот портал Бурин.
Иако лабораториските тестови сè уште се во тек, давењето се смета за најверојатна причина за смртта.
Починатиот Џереми Гамбин (68), неговата сопруга Лорејн (67), Кевин Боничи (67) и неговата сопруга Александра (66) претрпеле само полесни повреди кои не можат да се поврзат со смртта.
Се верува дека сите носеле безбедносни појаси кога нивното возило „ленд ровер дискавери“ излетало во провалија, а потоа во морето.
Иако веднаш по несреќата имаше сомневања дека на возачот му се слошило, поради што ја изгубил контролата врз возилото на малата кривина, бдукцијата не ја потврдила оваа шпекулација, објавија хрватските медиуми.
Утврдено е дека сите жртви имале здрави срца, без претходни срцеви удари или други здравствени проблеми што би можеле да ја предизвикаат несреќата.
Останува нејасно зошто возачот, за кој се верува дека е Кевин Боничи, ја изгубил контролата врз возилото. Тој бил пронајден во скутот на патникот Џереми Гамбино, додека нивните сопруги биле на задното седиште.
Трагедијата покрена голем број прашања, зошто патниците не можеле да излезат од автомобилот кој потонал на длабочина од 11 до 12 метри. Никој од нив не претрпел повреди што би предизвикале губење на свеста, но вратите од смачканото возило не можеле да се отворат.
Автомобилот, кој мажот од Малта го изнајмил на аеродромот во Загреб, бил извлечен од морето минатиот петок. Нуркачи и камион за влечење учествувале во операцијата.
Трагедија во Хрватска – загинаа четворица туристи од Малта, излетале во морето со изнајмен автомобил