Фото: Besara1 / Wikimedia

Падот на еврото значително го намалува извозот во Албанија

Надворешната трговија на Албанија постојано се намалува од почетокот на годинава. Податоците покажуваат дека извозот продолжил да опаѓа и во август, што и донело помал приход на Албанија. Извозот чинел 27 милијарди леки и бележи пад од 22 отсто во однос на истиот период од претходната година, пренесува Телеграфи. Продлабочувањето на падот во август ги влоши резултатите за целиот  8-месечен период.

Според ИНСТАТ, во овој осуммесечен период, извозот на стоки достигнал вредност од 300 милијарди леки што е намалување за 9 отсто во однос на пред една година. Ова е најдлабокиот месечен пад оваа година и најсилен од 2020 година, кога извозниците претрпеа најмногу од сите последици од пандемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот