Фото: Принтскрин, „Слободен печат“ - Драган Митрески

Падна веб-страницата на МОН, голем интерес за финансиска поддршка за ученици и студенти

Откако беше објавен повикот за финансиска поддршка за ученици и студенти и резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии, падна веб-страницата на Министерството за образование.

Јавниот повик за финансиска поддршка се однесува на ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари месечно почнувајќи од декември ќе се исплаќаат по 1. 200 денари за основците и од 1.800 денари за средношколците. Повикот е отворен до 26 декември.

МОН го објави повикот за финансиска поддршка за ученици и студенти

Повикот за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година е отворен до 24 декември. Стекнување за финансиска поддршка за корисниците, е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Кон крајот на октомври, МОН објави девет конкурси за доделување 3.500 стипендии од различни области, а денеска на веб-страницата се објавени и резултатите.

МОН објави девет конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии од различни области

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот