Елон Маск стои до американскиот претседател ДОналд Трамп во Овалната соба / Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Пад на акциите на „Тесла“ по јавниот конфликт меѓу Маск и Трамп

Акциите на „Тесла“ нагло паднаа на њујоршката берза по жестоките критики кои ги упатија еден кон друг американскиот претседател Доналд Трамп и сопственикот на компанијата за електрични возила Елон Маск.

Акциите на „Тесла“ паднаа за 8,64 проценти, на 303,35 долари, пренесува Агенцијата Франс Прес.

Трамп денес остро го критикуваше својот поранешен советник Маск.

Претседателот на САД рече дека не знае дали неговата врска со Маск ќе продолжи, додавајќи дека е „многу разочаран“ од критиките на мултимилијардерот за неговиот предлог за буџетски закон.

„Елон и јас имавме добри односи. Не знам дали тоа е сè уште случај. Бев изненаден“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, откако Маск го нарече законот „одвратен“.

Маск одговори на критиките на Трамп наведувајќи дека тоа е „глупост“ и дека да не била неговата поддршка, Трамп ќе ги изгубел изборите во 2024 година.

Маск му одговори на Трамп: „Без мене ќе ги изгубеше изборите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот