
Пациентите со цистична фиброза пред Владата ќе се збогуваат со Благојче Илијевски
Асоцијацијата за цистична фиброза во 14 часот денеска пред Влада ќе се збогува со Благојче Илијевски, најтешко болниот пациент од цистична фиброза, кој почина вчера чекајќи го лекот „Трикафта“.
Препорачано
Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 ч. пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта, пишува на официјалниот Фејсбук-профил на АЦФ.
Со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе АЦФ ќе се збогува со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки.
Во обид да го политизира целиот настан, Левица во 14 часот повика на протест пред Владата.
Сведоци сме на долгогодишната негрижа од страна на Министерството за здравство, кое со децении го деградира здравјето на нашите граѓани. Дисфункционални клиники, дефицит на лекарства, терапии и лекарски кадар, а секојдневно сведочиме и на лекарски грешки, мито и корупција во здравствениот систем, се лекуваме со донации од граѓани додека деструктивната влада на СДС, ДУИ и нивните послушници профитираат со енормни финансиски криминални добивки, пишува во објавата на Фејсбук-профилот на политичката партија.