
Ози Озборн се враќа во Англија: Не сакам да бидам погребан во Америка
Ози Озборн објави дека тој и неговата сопруга Шерон се враќаат од Лос Анџелес во родната Англија затоа што им е „доста“ од масовни пукотници во САД, а и не сакаат Калифорнија да им биде местото на вечно почивалиште.
Препорачано
Поранешниот фронтмен на хеви метал групата „Black Sabbath“, сега 73-годишниот Ози пораснал во Бирмингем и во интервју за весникот „Observer“ изјави дека не сака да биде погребан на гробиштата Форест Лон во Калифорнија, каде се погребани многу познати луѓе.
View this post on Instagram
Двојката, која е во брак од 1982 година, ќе се пресели во нивната 120-години стара куќа во Бакингемшир, Англија.
„Ми здодеа да гледам убиства секој ден. Бог знае колку луѓе се убиени во пукотници во училиштата“, рече тој во интервјуто. „Да не зборуваме за масовното пукање во Вегас на концерт. Тоа е проклето лудило, не сакам да умрам во Америка. Не сакам да бидам закопан во е….. Форес Лавн. Јас сум Англичанец. Сакам да се вратам“, раскажа тој.
View this post on Instagram
„Америка драстично се промени“
Шерон Озборн инсистираше на тоа дека дијагнозата (Паркинсонова болест) не е причината поради која нејзиниот сопруг сака да се врати во Велика Британија.
„Не, не е тоа. Едноставно, дојде време. Америка драстично се промени. Веќе воопшто не се Соединетите Американски Држави. Ништо не е обединето тука. Сега е многу бизарно место“, рече таа.
View this post on Instagram
Ози беше главниот вокал на групата „Black Sabbath“, која беше формиран во 1969 година од гитаристот Тони Ајоми, басистот Гизер Батлер, тапанарот Бил Вард и самиот тој. Во раните 2000-ти, Ози стана реалити ТВ ѕвезда за „Ем-Ти-Ви“ со наслов „The Osbournes“, во која обожавателите имаа прилика да го следат секојдневието на познатото семејство.
На 9 септември ќе го објави својот 13-ти соло албум „Patint Number 9“.