
Овошјето и зеленчукот сериозно поскапеле од лани, најмногу скокнала цената на компирот
Земјоделските производи во август, во просек, биле поскапи за 12,1 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу поскапел компирот – за дури 76,6 проценти. Следат овошјето и грозјето со 32,8, а растот на цените кај зеленчукот, во просек е 6,2 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Препорачано
Кај растителното производство во целина е регистрирано зголемување за 14,2 проценти, а кај животинското производство – 6,5%.
Истовремено, трошоците што ги имале земјоделците исто така бележат нагорно движење, но само од 2,3%. Најмногу поскапеле ветеринарните услуги – за 37,1%, а потоа добиточната храна за 9,9%. Поевтинување има кај енергијата и горивата за 5,2 проценти, како и кај минералните ѓубрива за 1,6 и семињата – за 0,2%.
Средствата наменети за инвестиции во земјоделството во август се повисоки за 5,7 проценти.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10сек
-
4мин
-
4мин
-
8мин
-
11мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5