Фото: Принтскрин

Овде почна КРАЈОТ на светот – Погледнете го местото каде се случи КАТАКЛИЗМАТА што ја уништи древната Земја (ФОТО+ВИДЕО)

Група американски археолози приметиле дека во средина на осумдесетите години на минатиот век на сателитските снимки од полуостровот Јукатан во Мексико има скоро совршен круг, со обем од 200 километри.

Испаднало дека е кратер кој настанал од удар на астероид.

Астероидот длабоко се закопал во земјата бидејќи кратерот е длабок 30 километри. Од силата на ударот, земјата околу него се однесувала како кога камче ќе биде фрлено во бара.

Овој удар го сменил светот до непрепознатливост. Температурите толку се спуштиле што 75 отсто од животот на Земјата исчезнал, вклучувајќи ги и диносаурусите.

Меѓутоа, се до 1991 година кога биле објавени резултатите од истражувањето на овој кратер, кој го добил името Чикшулуб, тој не бил многу интересен.

Фото: Принтскрин

Денеска на тоа место се наоѓа музеј, кој бил отворен во 2018-та година, како заеднички проект на мексиканската влада и најголемиот универзитет во Мексико, УНАМ, со цел луѓето да се вратат 66 милиони години во минатото, кога астероидот со обем од 12 километри ја сменил историјата на светот и оставил последици кои се чувствувале неколку милиони години.

Но, главната работа – остатоците од астероидот и понатаму се безбедни во длабочините на Чикшулуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот