
Оваа билка ќе ви помогне да ги избркате здодевните муви од домот!
Иако сè уште не сме зачекориле во летото, температурите се веќе високи, а оброците сè почесто се преместуваат од затворени простории на балконите, терасите и дворовите.
Препорачано
Меѓутоа, со престојот на отворено пристигнуваат и здодевните „гости“ – мувите, кои неуморно слетуваат на чиниите и го расипуваат уживањето во оброкот.
Освен што се напорни, мувите се и потенцијални пренесувачи на бактерии и болести, бидејќи доаѓаат во контакт со нечистотија како што се канти за ѓубре и канализација, а потоа влетуваат во домовите и се задржуваат околу храната.
Босилек како природен репелент против инсекти
Ако ви здодеало од безуспешното растерување на мувите со крпи, можеби ќе бидете задоволни од трикот што се прошири на социјалната мрежа ТикТок – решение кое е сосема природно и лесно достапно: босилек.
Како што тврдат многу корисници кои го применуваат овој совет секој ден, доволно е да се стави свежо гранче босилек на масата. Неговиот силен, ароматичен мирис е неподнослив за мувите и тие многу брзо се повлекуваат.
Освен мувите, се верува дека босилекот успешно ги одбива комарците и другите инсекти, па затоа е корисно да го имате при рака – без разлика дали е во саксија на прозорецот, на балконот или во градината.
Растение кое штити без хемикалии
Босилекот не е само омилен зачин – неговите природни ароматични својства го прават одличен сојузник во борбата против летните предатори.
Нема потреба од агресивни прскања, хемикалии и бучава од вентилаторот – доволно е да го вклучите ова растение во вашиот простор и да уживате во пoмирно лето, без муви.
Ако веќе немате, сега е совршено време да засадите едно и да си обезбедите природна заштита во текот на топлите денови.