
Ова се најзгодните актери над 50 години, а ниту Бред Пит ниту Џорџ Клуни не се на првото место!
Списанието „ААРП“ (AARP) објави нова листа на најзгодни актери над 50 години, а првото место го освои британскиот актер Идрис Елба, кој има 52 години.
Препорачано

Тој се здоби со слава по улогата на Стрингер Бел во серијата на Ејџ-би-о „Жицата“ (The Wire), а подоцна стана препознатлив како главниот шпион Џон Лутер во серијата „Лутер“, за која освои Златен глобус и беше номиниран за Еми.
На второто место се најде Педро Паскал, чија популарност драстично порасна во последните години благодарение на улогите во „Мандалоријанецот“ (The Mandalorian) и „Последниот од нас“ (The Last of Us). Ноа Вајл, најпознат по улогата на д-р Џон Картер во „Итна помош“, го освои третото место.

На листата се наоѓаат и долгогодишните холивудски ѕвезди Дензел Вашингтон, Бред Пит и Даниел Крег, додека листата ја заокружуваат Патрик Демпси, Двајн Џонсон и Кијану Ривс. На неа се наоѓа и Џорџ Клуни, кој со години соработува со AARP и нивната програма „Филмови за возрасни“ (Movies for Grownups) на која промовира филмови и актери на повозрасна публика.
Токму тој, според изјавите од организацијата, со години ја поттикнувал AARP да направи листа на „најзгодни актери над 50 години“. Иницијативата конечно беше прифатена оваа година, па во 2025 година за прв пат беше објавена таква листа.
Овој избор уште еднаш го потврдува статусот на актерите кои со децении се на врвот на филмската индустрија, а воедно ги освојуваат и помладите генерации гледачи. Вкупно, 25 актери собраа импресивни 215 номинации и 35 победи на престижни филмски и ТВ настани како што се Оскарите, Златните глобуси и Еми наградите.
Според AARP, целта не била да се рангираат актерите само врз основа на нивниот физички изглед. Листата нагласува виталност, харизма, способност за трансформација и способност за разбивање на предрасудите за стареењето, плус рафинирана личност и долготрајно филмско присуство. Најстариот на листата е Пирс Броснан (72).