
Ова се најдобрите диети за 2023 година, но и две кои мора да ги избегнувате
Ако вашата новогодишна желба е да ја промените исхраната и поздраво да се храните, на вистинското место сте, бидејќи експертите донесоа листа на најдобри диети за 2023 година. Без разлика дали сакате да се ослободите од вишокот килограми, да го подобрите здравјето или само да усвоите некои поздрави навики во исхраната, овие диети во новата година ќе ви помогнат да ги постигнете вашите цели, пишува Good Housekeeping.
Препорачано
„Планот за здрава исхрана првенствено мора да ви одговара вам и на вашиот начин на живот. Повеќето диети не функционираат бидејќи се фокусираат на ограничувања. Наместо исфрлање на одредени намирници или цели групи на намирници, што може да значи пропуштање на клучните хранливи материи што му се потребни на вашето тело за да функционира, фокусирајте се на исполнување на оброците со храна богата со хранливи материи што ќе ве нахрани и ќе ве насочи кон здрави животни навики“, објаснува диететичарката Стефани Сасос.
Медитеранска исхрана
Медитеранската исхрана акцентот го става на разновидно свежо овошје и зеленчук кои природно го хранат телото со изобилство на антиоксиданти, витамини и минерали. Здравите масти од извори како што се маслиновото масло и авокадото се во прв план. Исто така, ќе можете да уживате во изобилство на мрсни риби богати со протеини, заедно со цели зрна и богати мешунки, јаткасти плодови и семки кои обезбедуваат повеќе влакна и растителни протеини, тврдат нутриционистите.
ДАСХ диета
Оваа диета се фокусира на исфрлање на заситените и транс мастите, што се наоѓаат главно во полномасните млечни производи и многу пржени или пакувани јадења, и на холестеролот, го ограничува црвеното месо, натриумот и додадените шеќери од пијалаците или десертите засладени со шеќер и поттикнува на ограничување на алкохол. Наместо тоа, вклучува внес на безмасни млечни производи кои обезбедуваат протеини и важни витамини и минерали без да бидат преоптоварени со заситени масти, многу овошје и зеленчук, витамини и антиоксиданти кои поддржуваат здрав крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта, и јаткасти плодови. Диетата ДАСХ долго време е една од најпопуларните диети, а особено помага при намалување на крвниот притисок.
Диета МИНД
Ја осмислиле истражувачи од Универзитетот РУСХ, еден од водечките во истражувањето на Алцхајмерова болест, а овој стил на исхрана во основа е комбинација од медитеранската и ДАСХ диетата.
„Оваа диета е богата со специфични витамини и антиоксиданти кои го поддржуваат здравјето на мозокот. Истражувањата покажуваат дека помага во зачувувањето на когнитивните функции и го намалува ризикот од деменција. Додека се фокусирате на храна која е насочена кон зачувување на здравјето на мозокот, ќе ги ограничите оние кои не се многу добри за него, како што се путер или маргарин, црвено месо, полномасно сирење, слатки и пржена храна“, објаснуваат нутриционистите, додавајќи дека оваа диета, пред сѐ, вклучува засилен внес на зеленчук, особено зелен лиснат зеленчук, овошје, јаткасти плодови, цели зрна, риба, живина и маслиново масло.
Флекситарианска диета
Стручњаците за здравје и нутриционистите велат дека е важно да јадете што повеќе билки, а ако сте почетник во растителната исхрана и не сте сигурни од каде да започнете, оваа диета е за вас.
„Флекситарианскиот начин на исхрана е совршен за поединци кои сакаат да се хранат со билки, но не се подготвени да се посветат на целосно вегански или вегетаријански начин на живот. Тоа е одличен прв чекор во искористувањето на придобивките што доаѓаат со вклучување на повеќе билки во вашиот репертоар на исхрана“, тврдат нутриционистите.
Оваа диета пдоразбира многу свежо овошје и зеленчук, цели зрна или тестенини и ориз на растителна основа, растителни извори на протеини кои доаѓаат од природата, здрави масти од маслиново или масло од авокадо и јаткасти плодови и семки.
Нордиска диета
Нордиската диета се фокусира на традиционалните прехранбени навики на поединците во нордиските земји, вклучувајќи ги Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Гренланд и Исланд. Тоа подразбира давање приоритет на органската храна секогаш кога е можно, на сезонските производи, намалување на количината на месо и избегнување вештачки адитиви. Таа е многу слична на медитеранската исхрана, а една од разликите е што маслиновото масло не мора да е главен извор на масло, односно маснотии.
„Нордиската диета користи висококвалитетно масло од репка, кое има малку заситени масти и многу здрави мононезаситени масти и омега-3 масни киселини“, тврдат нутриционистите.
Диети што треба да ги избегнувате
Меѓутоа, покрај овие здрави диети, има и такви кои, според експертите, најдобро е да се избегнуваат во новата година, пишува „Fresh Plan“. Тоа се кето диетата и палео диетата.
Благодарение на многу познати личности како Кортни Кардашијан и Хали Бери кои се колнат во неа, кето диетата стана многу популарна.
„На почетокот можеби ќе почнете да губите килограми, но диетата е крајно рестриктивна и неодржлива“, вели Тоби Амидор, експерт за исхрана и автор на најпродаваните книги за готвење на „Волстрит журнал“. Освен тоа, може да имате запек поради недостаток на цели зрна, овошје и зеленчук.
Што се однесува до палео диетата, мислењето на експертите е слично. Актерката Џесика Бил е голем љубител на палео диетата. Но, оваа диета забранува голем број групи на храна, вклучувајќи млечни производи, мешунки, житарки, компири и други јаглехидрати.
„Многу луѓе ослабеле следејќи го планот на оваа диета, но отфрлањето на бројни групи на храна, исто така, елиминира многу важни хранливи материи што може да доведат до штетни нуспојави, особено кај луѓето на кои овие хранливи материи им се потребни за секојдневно функционирање“, додава Амидор.