
Ова е трендот кој сите дами го практикуваат, а еве ја и неговата темна страна!
Светскиот тренд на надоградување трепки зема замав, но експертите предупредуваат дека оваа техника на разубавување може да биде опасна по здравјето.
Препорачано
Колку и да не ви се верува, најновите предупредувања на лекарите се однесуваат на вградувањето вештачки трепки кои предизвикуваат паразити, најчесто грини, за да влезат во очите и пределот околу нив.
Предупредувањето е направено веднаш после регистрирањето на неколку случаи со паразитот кои медицински е наречен Demodex.
Паразитот се развил кај жени кои не ја одржувале хигиената на нивните вградени трепки.

Доколку вештачките трепки не се одржуваат на правилен начин, може да дојде и до развој на бактерии кои можат да направат поозбилни инфекции на окото.
Екстензиите за трепки станаа многу популарни во последно време и кај нас, а може да траат од 4 до 6 недели. Ова е решение на многу жени за да не мораат секое утро да ставаат маскара.
Симптоми кои може да ви укажат дека нешто не е во ред се: пецкање, чешање, црвенило и воспалено око.
Demodex е организам кои инаку живее на фоликулите од косата и може да се пренесе на било кој. Лошата хигиена допринесува до лесно пренесување и ширење на бактеријата.
Многу жени се плашат да ги чистат вградените трепки поради стравот тие да не отпаднат, но дерматолозите велат дека тоа е клучно доколку сакате да го одржите здравјето на кожата и очите.