
Ова е неверојатен податок за шпанскиот фудбал, доминација која трае 23 години
Фудбалерите на Шпанија во финалето на Европското првенство ја победија Англија со резултат 2:1 и со тоа ја освоија шампионската титула.
Препорачано
Првиот гол го постигнаа преку Нико Вилијамс во 47 минута, потоа Палмер израмни за Англичаните во 73 минута, а во 87 минута Ојарзабал им ја донесе конечната победа на Шпанците.
Ова е четврта титула за Шпанија во нивната историја, што ги прави најмногу трофеи во европската историја!
Никој освен Шпанија не успеа да ја освои титулата без пораз. Верувале или не, откако гледавме како Алавес губи од Ливерпул во финалето во тогашниот Куп на УЕФА (сегашна Лига Европа) и Валенсија од Баерн во финалето на Лигата на шампионите во 2001 година, сè оди добро за шпанскиот фудбал
За 23 години шпанските тимови и репрезентацијата одиграа 27 финалиња на големите натпреварувања (Лига на шампиони, Лига Европа, Светско првенство, Европско првенство) и ги освоија сите 27!
Since May 2001, Spanish teams have played in 27 major finals (Champions League, Europa League, World Cup, Euros). There has been a Spanish winner in all 27 finals.
— Colin Millar (@Millar_Colin) July 14, 2024
ФОТО: Родри прогласен за најдобар фудбалер на Еуро 2024, а Јамал е најдобар млад играч