
Ова е моментот кога интересот за секс во врската опаѓа: Кому почесто му се случува – на жените или на мажите?
Жените може да го изгубат интересот за сексуални односи само една година по почетокот на врската, покажува британска студија објавена во списанието „Бритиш медикал џурнал опен“. Истражувањето открива дека и мажите и жените можат да доживеат пад на сексуалната желба, но жените го доживуваат тој пад многу порано, пишува „Е-клиника“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Жените побрзо се заситуваат
Нормално е да почувствувате дека нештата во спалната станале малку монотони, но новата студија покажува дека кај жените тој момент доаѓа многу порано отколку кај мажите. Во истражувањето биле вклучени 4.839 мажи и 6.669 жени, кои одговарале на прашања за својот однос кон сексот. Од анкетираните, 15 отсто од мажите и 34 отсто од жените изјавиле дека целосно изгубиле интерес за секс по една година врска. Иако сите испитаници признале дека со текот на времето им се намалил интересот, особено со годините, жените посочиле дека тоа кај нив се случува многу побрзо – веќе по една година во врска.
Пад на либидото кај двата пола
Истото истражување покажува дека жените кои имале три или повеќе партнери во последната година поретко пријавувале намален сексуален нагон, отколку оние што имале секс само со еден партнер. Исто така, кај жените двапати почесто се јавува низок либидо отколку кај мажите. И мажите и жените како главни причини за намалениот интерес за секс со партнерот ги навеле физичкото и менталното здравје, слабата комуникација и недостатокот од емотивна поврзаност.
Комуникацијата го спасува односот
Она што се покажало како клучно за надминување на овој проблем е отворената комуникација, која може значително да помогне. Паровите кои отворено разговарале за своите интимни потреби најчесто биле позадоволни од својот сексуален живот. Како и кај многу други проблеми во врската, разликата во сексуалниот нагон може да се надмине преку искрен разговор. Постојат многу причини зошто либидото може да опадне, но првиот чекор кон решавање на проблемот е да се зборува отворено и нежно за тоа што се случува – што чувствувате, што ви недостасува или што ве загрижува. Со таков пристап, шансите за подобрување се многу поголеми.
Вие одлучувате колку интимност ви е доволно
Не постои некоја универзална бројка што кажува колку често треба да имате сексуални односи – ниту на почетокот на врската, ниту кога ќе помине време. Единствена мерка е она што вам и на вашиот партнер ви одговара. Затоа, довербата и разговорот се најважните услови за заемно сексуално задоволство.