Фото: Инстаграм/ Икс

Ова е биоопасно: Авион принудно слетал поради дијареја кај еден од патниците

Трансатлантскиот лет на авиокомпанијата „Делта“ бил принуден да слета, откако патник доживеал „медицински проблем“, за кој аудио запис од палубата на авионот, покажува дека еден од патниците имал тешка дијареја за време на летот, пишува „Инсајдер“.

Авионот летат само два часа од осумчасовното патување од Атланта, Џорџија до Барселона, Шпанија, кога мора итно да го промени правецот и принудно да слета.

Аудио преносот помеѓу пилотите и контролата на летање беше споделен од воздухопловен ентузијаст на Икс (Твитер), снимен од „Лајв АТЦ“ („LiveATC.com“).

„Ова е прашање на биоопасност. Имавме патник кој имаше дијареја низ целиот пат во авионот, па сите сакаат да се вратиме во Атланта“, се слуша како пилот ѝ кажува на контролата на летање.

Сликата која е објавена, наводно прикажува ленти за ситуацијата на летот, поврзани со инцидентот. Се вели дека летот бил пренасочен кон Атланта поради „дијареја на патник низ целиот авион“.

Летот не го заврши своето патување до Барселона. Тој веќе бил одложен со полетувањето за два часа, пред инцидентот во авионот. Но, се чини дека екипите за чистење го решиле проблемот, бидејќи истиот авион бил користен за следното патување.

Авиокомпанијата „Делта“ потврдиле дека „медицинскиот проблем“ во авионот значел дека авионот мора да се врати во Атланта за да биде исчистен, иако не ја потврдиле точната причина на проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот