Џо Бајден / 29 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Ова би можеле да бидат првите потези на Бајден: Седум приоритети за новиот американски претседател

Демократот Џо Бајден за два дена ќе положи заклетва и ќе стане 46-тиот претседател на САД. Според тврдењата на бројни аналитичари, Бајден во самиот старт ќе направи неколку потези со кои ќе се огради од претходната администрација. Тој и идната потпретседателка Камала Харис ќе се соочат со поделбата во државата, економската криза и пандемијата која ги погоди Американците посебно силно. 

Според пишувањата на „Скај њуз“ уште на почетокот може да се очекува неколку укази со кои би се исправиле „неправдите“ на администрацијата на Трамп. Овие седум работи би можеле да бидат приоритет на Бајден по доаѓањето во Белата куќа.

Ковид-19

Бајден вети 100 милиони дози на вакцини против коронавирусот во првите 100 дена од неговата администрација. Пандемијата сигурно ќе го одбележи почетокот на неговата власт.

Се очекува дека ќе дојде и до наметнување на мерки за носење маски и блокади, и дека Бајден ќе влијае на акции на масовно тестирање и бесплатен пристап до вакцини за сите Американци без разлика на нивниот здравствен статус.

Економија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот