УКИМ кампус
Кампус на општествени науки на УКИМ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Отворен ден на УКИМ“ в петок

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје в петок организира „Отворен ден на УКИМ“, на секој од факултетите во негов состав, во два термина – од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот.

-Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да се информираат за областите за кои се заинтересирани, да прошетаат низ кампусите, низ лабораториите и амфитеатрите и да се запознаат со студиските програми, соопшти УКИМ.

Отворениот ден е можност тие да се запознаат и со активностите на наставниот и соработничкиот кадар, со активностите на студентите, можностите за стипендирање и меѓународна размена, кариерните можности и практиканството, како и со многу други прашања поврзани со студентскиот живот. хс/са/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот