
Откриено како Давид Силва го измами Лацио и притоа се правеше луд, за сè е виновна сопругата
Шпанецот изненадувачки вчера наместо за римскиот клуб потпиша за Реал Сосиедад.
Давид Силва стана непожелна личност во „синиот“ дел од Рим, но и се најде на столбот на срамот поради одлуката да потпише за Реал Сосиедад иако имаше закажано лекарски прегледи во Лацио.
Препорачано
На „предавството“ на Силва одлучија да поработат италијанските медиуми и полека почна да излегуваат деталите од најголемата трансфер измама во последните неколку години.
Трансферот на Давид Силва во Лацио беше договорен уште минатата недела кога и двете страни се согласија на тригодишна соработка која на фудбалерот ќе му донесеше 12 милиони евра. Веднаш потоа Лацио закажа и лекарски прегледи кои требаше да се одржат во Рим оваа недела, а згора на тоа шпанскиот фудбалер доби се што побара – вила во елитниот дел од Рим, приватен авион кој можеше да го користи во секој слободен момент како и личен шофер.
Грабеж на деценијата: Лацио закажа лекарски прегледи, а Давид Силва потпиша за Реал Сосиедад
Но, работите се свртеа преку ноќ, Силва престана да се јавува на телефонските повици на директорот Игли Таре и сопственикот Клаудио Лотито, а набрзо почнаа да се појавуваат приказни за желбата на сопругата на фудбалерот, Мелани, да се вратат во Шпанија.
Мелани инсистирала по десет години поминати во Манчестер, да се вратат во Валенсија, но тоа не му се допаднало на Силва поради хаотичната состојба која владее во клубот и како компромисно решение испадна Реал Сосиедад.
Good luck David Silva in @RealSociedad pic.twitter.com/yW04EgMoHJ
— Mancity.news (@Mancitynews11) August 18, 2020
Во Лацио не беа свесни за ваквата одлука на фудбалерот, и тие му дадоа ултиматум, до денеска да се изјасни дали доаѓа или не, но вчеравечер сите светски медиуми сензационално објавија дека Давид Силва потпиша за Реал Сосиедад. Скај Италија тврди дека Силва кога преговарал со челниците на Лацио не им кажал за желбата на сопругата и дека имал првични контакти со Валенсија но и со Реал Сосиедад. За шокот на Лотито да биде поголем, тој за измамата дознава преку социјалните мрежи.
Според првичните инфомации, Силва во Реал Сосиедад ќе има двојно помала плата од таа што требаше да ја заработува во Лацио, но одлучи да и ја исполни желбата на сопругата Мелани.