
Откриена причината за смртта на Роби Колтрејн, ѕвездата на „Хари Потер“
Актерот Роби Колтрејн, најпознат по улогата на Хагрид во филмовите за „Хари Потер“, почина минатата недела на 72-годишна возраст.
Препорачано
Причината за смртт е повеќекратно откажување на органите, велат британските извештаи.
Во неговата потврда за смртта е наведено и дека имал сепса, инфекција на долниот респираторен тракт и застој на срцето. На Колтрејн му бил дијагностициран и дијабетес тип 2.
На актерот, кој глумеше и во филмовите за Џејмс Бонд, му била дијагностицирана дебелина и дијабетес тип 2.
Веста за неговата смрт ги потресе луѓето ширум светот. Од него се простија бројни обожаватели на филмовите за Хари Потер, како и колеги и пријатели.
„Роби беше еден од најинтересните луѓе што сум ги сретнал и постојано нѐ насмејуваше, како деца, на снимање“, рекол Даниел Редклиф, кој го играше Хари Потер.
Се јави и Руперт Гринт, кој го глумеше Рон во франшизата.
„Срцето ми се скрши кога слушнав дека Роби повеќе го нема. Никогаш нема да го заборавам неговиот мирис на цигари и лепакот за брада – прекрасна комбинација“, напишал тој.
„Исто како што беше Хагрид во книгите и филмовите, Роби беше во животот – топол, сочувствителен и смешен. Човек со огромно срце кој сè уште се грижеше за нас дури и децении подоцна. Се гледаме на другата страна Бобсер“, додал тој.
Глумејќи го чуварот на клучевите и имотот во Хогвортс заработи милиони и ги освои срцата на обожавателите ширум светот, но неговиот живот не беше ни приближно сличен како типичните холивудски актери.
Актерот имаше и две деца со вајарката Рона Гемел. Се венчаа во 1999 година, но се разделија во 2003 година.
ФОТО+ВИДЕО | Се сеќавате на Хагрид од Хари Потер? Денес живее повлечен живот, еве како изгледа
ФОТО | Ема Вотсон се прости со „Хагрид“: Ќе ми недостасува твојата топлина
ФОТО+ВИДЕО | Се сеќавате на Хагрид од Хари Потер? Денес живее повлечен живот, еве како изгледа