
Откако ќе ги допрете овие 10 работи, веднаш измијте ги рацете, ќе се изненадите каде сè има повеќе микроби отколку во веце-школката
Миењето раце го ограничува преносот на бактерии, вируси и други микроби, но само ако се прави правилно: со употреба на сапун и чиста вода или средство за дезинфекција на раце што содржи најмалку 60 проценти алкохол. Студиите потврдија дека двата методи ефикасно ги уништуваат патогените. Секако, невозможно е вашите раце да бидат 100 проценти без микроби цело време (а некои бактерии се исто така корисни за нас), но научните истражувања покажаа дека темелното миење на рацете е особено важно откако ќе ги допрете овие 10 работи.
Препорачано
Пари
Откако ќе допрете хартиени пари или монети, обидете се да ги измиете рацете што е можно поскоро. Научниците тестирале банкноти од 1 долар од банка во Њујорк и пронашле стотици микроорганизми на нив, вклучувајќи орални и вагинални бактерии, како и ДНК од домашни миленици и вируси. Слична студија покажала дека некои банкноти и монети дури и носат патогени како ешерихија коли и салмонела.
Кваки
– Клучниот момент кога не смеете да заборавите да ги измиете рацете е откако ќе допрете кваки на врати или држачи на скали во јавните простори, како и рачки по возењето со јавен градски превоз – потсетува д-р Кејти Бурис, дерматолог од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија.
Менија во ресторани
Рестораните се меѓу местата каде што постои голема веројатност да се заразите со вирус, а менијата се најопасните места во рестораните. Научници од Универзитетот во Аризона зеле примероци од менијата на разни ресторани и откриле дека на нив се присутни неверојатни 185.000 бактерии. Не е толку чудно кога ќе размислите за тоа, со оглед на тоа колку луѓе ги прегледуваат менијата, а келнерите кои претходно ги носеле и го допирале приборот за јадење и чиниите на другите гости ги носат во раце. Секако, ќе мора да го допрете менито, но не заборавајте веднаш потоа да ги измиете рацете.
Екрани на допир
Важно е да ги миете рацете по допирање на кој било екран на допир. Меѓу најлошите места, т.е. екраните што се „домаќини“ на најмногу патогени, се апаратите за кафе, за сендвичи или за грицки на аеродромите и на железничките станици, како и автоматите за билети во јавниот превоз. Но, оваа категорија ги вклучува и мобилните телефони, особено ако ги споделувате со други.
– Штетните бактерии се насекаде, но на некои места ги има многу повеќе отколку на други. Едноставното миење раце со сапун и вода ќе го намали преносот на овие патогени – вели д-р Бурис.
Сè во лекарска ординација
Со оглед на тоа што многу луѓе поминуваат низ лекарските ординации секој ден, скоро секој внесува штетни бактерии, особено ако ви понудат пенкало за да потпишете нешто во приемниот оддел. Всушност, тоа пенкало има 46.000 бактерии повеќе од просечната тоалетна школка. Други места во клиниката што не треба да ги допирате или, ако веќе сте ги допирале, треба веднаш потоа да ги измиете рацете, се повторно рачките на вратите во клиниката, како и потпирачите за раце на столчињата во чекалната.
Секое животно
– Сите не си ги мијат рацете откако ќе допрат животни и домашни миленици, но треба. Животните можат да бидат носители на разни болести, но со оглед на тоа што ги гледаме домашните миленици како членови на семејството, честопати го занемаруваме овој важен чекор во хигиената – истакнува интернистот д-р Несочи Океке-Игбокве, сопственик на приватната клиника Д-р Нескочи ДОО.
Даски за сечење и сунѓери за миење садови и за бришење во кујната
Кујната е средина полна со бактерии. Внесуваме сурова храна во неа, а потоа ги шириме бактериите низ целата кујна користејќи кујнски прибор, кујнски крпи и салфетки, како и сунѓери за миење садови и за бришење. Една студија покажа дека на кујнските сунѓери живеат 326 различни бактериски соеви.
– Фрлете ги старите сунѓери и секогаш мијте ги рацете пред да подготвувате оброци и откако ќе допрете сурово месо – советува д-р Бурис.
Пенкала што не се ваши
Секој понекогаш има потреба да позајми пенкало или молив, и тоа е сосема во ред, но не заборавајте да ги измиете рацете потоа. Просечното канцелариско пенкало има 10 пати повеќе бактерии на него отколку просечната канцелариска веце-школка, која има околу 200 бактерии. Ако ова не ве згрози, имајте на ум дека многу луѓе сакаат да гризат и да ги ставаат врвовите на пенкалата и моливите во уста.
Дозери за сапун
Дозерите за сапун се рај за бактерии. Научниците од Универзитетот во Аризона открија дека дозерите за сапун се исклучително богати со бактерии. Кога ќе ја притиснете пумпата на дозерот, сите бактерии што сакате да ги измиете од рацете имаат еднакви шанси да бидат пренесени на дозерот.
– Допирањето на пумпата на дозерот за сапун на јавни места може да пренесе повеќе бактерии на вашите раце отколку ако ги ставите рацете во веце-школката – тврди д-р Чарлс Герба, професор по микробиологија, екологија и јавно здравје на Универзитетот во Аризона.
Сè на аеродромот
Илјадници патници минуваат низ аеродромите секој ден, а повеќе луѓе значи повеќе бактерии и повеќе јавни места каде што можете да ги соберете. Избегнувајте допирање на сите рачки на вратите, славини, екрани на допир, огради и сè друго. Секогаш кога се упатувате кон аеродромот, осигурајте се дека имате при рака марамчиња за дезинфекција или течност.